Исус Навин 13:2-8 MKB

2 Еве ги подрачјата што уште остануваат: сите филистејски покраини и сета гесурска земја;

3 од Сиор, што е пред Египет, сè до границата на Акарон на север, а се смета како подрачје на Ханаанците; пет филистејски кнежевства: Газа, Азот, Аскалон, Гет и Акарон; потоа Авејците

4 на југ. Сета ханаанска земја од Меар што им припаѓа на Сидонците, па до Афек и до аморејската меѓа;

5 тогаш земјата на Гивлејците и сиот Ливан кон исток, од Вал-Гад во подножјето на гората Ермон до преминот Емат.

6 Ќе ги истерам пред Израелевите синови сите жители на подгорјето, од Ливан до Мисрефот на запад - ќе ги истерам сите Сидонци пред Израелевите синови, само раздели му ја на Израел во наследство земјата, како што ти заповедав.

7 И така раздели ја таа земја во наследство меѓу деветте племиња и половината од Манасиевото племе.”

8 Другата половина од Манасиевото племе, а со неа и племето Рувимово и Гадово, го примија своето наследство, што им ја даде Мојсеј преку Јордан, на исток. Мојсеј, Господовиот слуга, им додели вака: