23 Меѓник на Рувимовите синови им беше Јордан. Тоа беше наследството на Рувимовите синови според нивните семејства: нивните градови и села.
24 Тогаш му даде Мојсеј на Гадовото племе, на Гадовите синови, делови според нивните семејства.
25 Ги примија во сопственост: Јазир и сите галадски градови, половината од земјата на Амоновите синови сè до Ароир, спроти Рава,
26 и од Есевон до Рамот Миспа и Ветоним, и од Маханаим до покраината Ло-Девир;
27 а во долината: Вет Арам, Вет Нимра, Сокот и Сафон, односно остатокот на царството на Сион, есевонскиот цар; Јордан со брегот сè до крајот на Хинеротското Море, на источната страна на Јордан.
28 Тоа е наследството на Гадовите синови, според нивните семејства, нивните градови и села.
29 Мојсеј и даде дел на половината на Манасиевото племе според неговите семејства.