25 Ги примија во сопственост: Јазир и сите галадски градови, половината од земјата на Амоновите синови сè до Ароир, спроти Рава,
26 и од Есевон до Рамот Миспа и Ветоним, и од Маханаим до покраината Ло-Девир;
27 а во долината: Вет Арам, Вет Нимра, Сокот и Сафон, односно остатокот на царството на Сион, есевонскиот цар; Јордан со брегот сè до крајот на Хинеротското Море, на источната страна на Јордан.
28 Тоа е наследството на Гадовите синови, според нивните семејства, нивните градови и села.
29 Мојсеј и даде дел на половината на Манасиевото племе според неговите семејства.
30 Ги добија во сопственост: земјата од Махан, сиот Васан, сето царство на Ог, васанскиот цар, и сите Јаирови села, што се во Васан - шеесет градови.
31 А половината на Галад, Астарот и Едраин, градовите на Оговото царство во Васан, им припаднаа на синовите на Махир, Манасиевиот син, и тоа половина на Махировите синови според нивните семејства.