Исус Навин 13:27-33 MKB

27 а во долината: Вет Арам, Вет Нимра, Сокот и Сафон, односно остатокот на царството на Сион, есевонскиот цар; Јордан со брегот сè до крајот на Хинеротското Море, на источната страна на Јордан.

28 Тоа е наследството на Гадовите синови, според нивните семејства, нивните градови и села.

29 Мојсеј и даде дел на половината на Манасиевото племе според неговите семејства.

30 Ги добија во сопственост: земјата од Махан, сиот Васан, сето царство на Ог, васанскиот цар, и сите Јаирови села, што се во Васан - шеесет градови.

31 А половината на Галад, Астарот и Едраин, градовите на Оговото царство во Васан, им припаднаа на синовите на Махир, Манасиевиот син, и тоа половина на Махировите синови според нивните семејства.

32 Така Мојсеј ги подели наследствата во Моавските Полиња, од другата страна на Јордан, источно од Ерихон.

33 Мојсеј не му даде наследство на Левиевото племе: Господ, Израелевиот Бог, е нивното наследство, како што им рече Сам.