9 од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, и од градот во средината на долината, сета висорамнина од Медев до Девон;
10 сите градови на Сион, царот аморејски, кој владееше во Есевон, сè до меѓата на Амоновите синови;
11 и Галад, и гесурската и махатската краина со сета гора Ермон, и сиот Васан до Салха;
12 а во Васан сето царство на Ог, кој владееше во Астарот и Едраин и беше последен потомок на Рафајците. Мојсеј ги победи и ги протера.
13 Ама Израелевите синови не ги истераа Гесурците и Махатците од средината на Израелците сè до денешниот ден.
14 Само на Левиевото племе не му даде наследство: Господ, Израелевиот Бог, е негово наследство, како што му рече.
15 Мојсеј му даде на племето на Рувимовите синови делови според нивните семејства.