1 Ова е што добија во наследство Израелевите синови во Ханаанската Земја - што им разделија во наследство свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на семејствата на израелските племиња.
2 Наследството го разделија со жрепка, како што Господ одреди преку Мојсеја, меѓу деветте племиња и половината од десеттото племе.
3 Мојсеј им го одреди наследството на двете племиња и на половината од десеттото племе од онаа страна на Јордан, а на Левитите не им даде наследство меѓу нив.
4 Зашто беа две племиња на Јосифовите синови: Манасиевото и Ефремовото. А на Левитите не им дадоа дел од земјата, туку градови, за престојување и пасишта за нивниот добиток и за нивната стока.