1 На Јосифовите синови им припаднаа со жрепка недвижниот имот: од Јордан кај Ерихон, од Ерихонските Води на исток, па низ пустината кон Ветилската Гора;
2 од Ветил до Луз, меѓата продолжуваше низ подрачјето на Архијците до Атарот.
3 Потоа се спушташе на запад до јафлетската меѓа, сè до долниот Вет-Орон и до Гезер, откаде излегуваше на море.
4 Тоа беше наследството на Јосифовите синови: Манасиј и Ефрем.
5 Подрачјето на Ефремовите синови, според нивните семејства, беше ова: меѓата на нивното наследство кон исток одеше од Атарот Адар па до Горниот Вет-Орон.