Исус Навин 16:3-9 MKB

3 Потоа се спушташе на запад до јафлетската меѓа, сè до долниот Вет-Орон и до Гезер, откаде излегуваше на море.

4 Тоа беше наследството на Јосифовите синови: Манасиј и Ефрем.

5 Подрачјето на Ефремовите синови, според нивните семејства, беше ова: меѓата на нивното наследство кон исток одеше од Атарот Адар па до Горниот Вет-Орон.

6 Оттаму се тегнеше до морето. (одеше на) Михметат на север и вртеше натаму на исток кон Танат-Силон и поминуваше од источната страна на Јанох.

7 Од Јанох се спушташе во Атарот и Нарат и тогаш, допирајќи до Ерихон, удираше во Јордан.

8 Од Тафуј меѓата одеше кон запад до потокот Кана па излегуваше на море. Тоа беше наследството на племето на Ефремовите синови според нивните семејства.

9 А Ефремовите синови ги имаа сите тие градови со нивните села, и уште одделени градови среде наследството на Манасиевите синови.