7 Од Јанох се спушташе во Атарот и Нарат и тогаш, допирајќи до Ерихон, удираше во Јордан.
8 Од Тафуј меѓата одеше кон запад до потокот Кана па излегуваше на море. Тоа беше наследството на племето на Ефремовите синови според нивните семејства.
9 А Ефремовите синови ги имаа сите тие градови со нивните села, и уште одделени градови среде наследството на Манасиевите синови.
10 Ама не успеаја да ги изгонат Ханаанците, кои живееја во Гезер. Така Ханаанците останаа меѓу Ефремовите синови до денес, но им беше наметнат данок.