Исус Навин 17:12-18 MKB

12 Но Манасиевите синови не можеа да ги освојат тие градови, и затоа Ханаанците останаа во тој крај.

13 Но кога Израелевите синови зајакнаа, им наметнаа на Ханаанците данок, ама не успеаја да ги протераат.

14 Тогаш Јосифовите синови му се обратија на Исуса и прашаа: „Зошто ни даде во наследство според една жрепка, само еден дел, кога сме многубројни и Господ нè благословуваше досега?”

15 Исус им одговори: „Штом сте многуброен народ, отидете во горите и расчистете си таму земја во ферезејската и рафајската околија, ако ви е претесна Ефремовата Гора.”

16 А Јосифовите синови рекоа: „Оваа гора не ќе ни биде достатна, а сите Ханаанци кои живеат во рамницата имаат железни коли, тие што се во Вет-Сан и во нивните села, и тие што се во Езраелската Долина.”

17 Тогаш Исус му одговори на Јосифовиот, и Ефремовиот и Манасиевиот дом: „Вие сте многуброен народ и имате голема сила. Затоа не ќе добиеш само една жрепка:

18 гората нека биде твоја. Ако е со дрва, исечи ги, па стрмината ќе биде сопственост на твојот дом. Ќе ги изгониш безбедно Ханаанците и ако имаат железни коли, и ако се јаки.”