Исус Навин 17:9-15 MKB

9 Меѓата влегуваше до потокот Кана. Јужно од потокот беа и овие градови што им припаѓаа на Ефремовите синови од Манасиевите градови; А Манасиевата земја се наоѓаше на север и излегуваше на море.

10 Подрачјето на југ му припаѓаше на Ефрем, на север на Манасиј, а морето им беше меѓа; на север граничеа со Асир, а на исток со Исахар.

11 На Манасиј му припаѓаа во Исахар и во Асир; Вет-Сан со своите села, Ивлеам со своите села, жителите на Дор со своите села, жителите на Мегид со своите села; и така: три подрачја.

12 Но Манасиевите синови не можеа да ги освојат тие градови, и затоа Ханаанците останаа во тој крај.

13 Но кога Израелевите синови зајакнаа, им наметнаа на Ханаанците данок, ама не успеаја да ги протераат.

14 Тогаш Јосифовите синови му се обратија на Исуса и прашаа: „Зошто ни даде во наследство според една жрепка, само еден дел, кога сме многубројни и Господ нè благословуваше досега?”

15 Исус им одговори: „Штом сте многуброен народ, отидете во горите и расчистете си таму земја во ферезејската и рафајската околија, ако ви е претесна Ефремовата Гора.”