5 Сиклаг, Вет-Маркавот, Асар-Суса;
6 Вет-Леваот и Саруен: тринаесет градови и нивните села.
7 Аин, Ремон, Етер и Ашан: четири градови и нивните села.
8 И сите населби што се околу тие градови, до Валат-Вира, Раман Негев. Тоа е наследството на племето на Симеоновите синови според нивните семејства.
9 Наследството на Симеоновите синови беше од делот на Јудините синови, зашто делот доделен на Јудините синови беше преголем за нив. Затоа Симеоновите синови го добија своето наследство среде нивното наследство.
10 Третата жрепка излезе за синовите на Завулоновото племе според нивните семејства: нивното подрачје стигаше до Сарида,
11 откаде нивната меѓа се искачуваше на запад до Марала, стигнуваше до Давасет и допираше до потокот што е спроти Јокнеам.