1 Господ му рече на Исуса:
2 ”Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Одредете си за себе градови - засолништа за кои што ви зборував преку Мојсеја,
3 за да би таму можел да избега убиец кој ќе убие некого од несакање, и за да ви бидат засолништа од крвниот одмазник.
4 Ако убиец избега во некој од тие градови, нека застане пред градската врата и нека им ја изнесе на старешините на тој град својата работа. Тие нека го примат во својот град и нека му одредат место каде ќе престојува меѓу нив.