12 Ама полињата околу тој град со селата наоколу веќе му беа дадени во наследство на Халев, Јефониевиот син.
13 На синовите на свештеникот Арон им припаднаа градот - засолниште Хеврон со пасиштата и Ливна со пасиштата;
14 Јатир со пасиштата, Естемоја со пасиштата,
15 Олон со пасиштата, Давир со пасиштата,
16 Аин со пасиштата, Јута со пасиштата, Вет-Семес со пасиштата. И така, девет градови од оние две племиња.
17 Од Венијаминовото племе: Гаваон со пасиштата, Гаваја со пасиштата,
18 Анатот со пасиштата, Алмон со пасиштата. И така, четири града.