19 Така свештениците, Ароновите синови, добија вкупно тринаесет градови со нивните пасишта.
20 На другите левити со семејствата на Каатовите синови со жрепка им припаднаа градовите на Ефремовото племе.
21 Им ги дадоа: градот - засолниште Сихем со неговите пасишта на Ефремовата Гора, потоа Гезер со пасиштата,
22 Кивсаим со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата: четири града.
23 Од Дановото племе ги добија: Елтекон со пасиштата и Гиветон со пасиштата,
24 Ајалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: четири града.
25 Од половината Манасиево племе: Танах со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: два града.