Исус Навин 21:2-8 MKB

2 И им рекоа во Сило, во Ханаанската земја: „Господ заповеда преку Мојсеја да ни се дадат градови каде ќе живееме и пасишта околу нив за нашиот добиток.”

3 Израелците им ги дадоа на левитите од своето наследство, според Господовата заповед овие градови со нивните пасишта.

4 И така излезе жрепка за Каатовото семејство: на левитите, на потомците на свештеникот Арон, им припаднаа триесет градови од племињата: Јудиното, Симеоновото и Венијаминовото;

5 На другите Каатови синови им припаднаа со жрепка според семејствата десет градови од племињата: Ефремовото и Дановото и од половината племе Манасиево.

6 Гирсоновите синови добија според семејствата тринаесет градови од племињата: Исахаровото, Асировото и Нефталимовото и од половината племе Манасиево во Васан.

7 На Мерариевите синови според нивните семејства им припаднаа дванаесет градови од племињата: Рувимовото, Гадовото и Завулоновото.

8 Така, Израелците со жрепка им ги доделија на левитите тие градови со пасиштата, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја.