Исус Навин 22:12-18 MKB

12 На тоа се собра сета заедница на Израелевите синови во Сило за да тргнат во бој против нив.

13 Израелците им ги испратија, на Рувимовите синови, на Гадовите синови и на половината на Манасиевото племе: Финес, синот на свештеникот Елеазар,

14 и со него десет кнезови, по еден родовски главатар од секое Израелево племе, а секој од нив беше главатар на татковиот дом меѓу илјадници Израелеви семејства.

15 И кога тие дојдоа при Рувимовите синови, при Гадовите синови и при половината од Манасиевото племе во галадската земја, им рекоа:

16 ”Еве што вели за вас сета Господова заедница: ‘Што значи престапот што го правите против Господа, Израелевиот Бог? Зашто се одвративте денес од Господа и, подигнувајќи жртвеник, зашто се буните против Господа?

17 Зар не ви е доста злосторот од Фегор, од кого уште не се очистивме до денешен ден и заради кого дојде помор врз Господовата заедница?

18 Ако денес се одвратувате од Господа и ако се буните денес против Него, не ќе ли се излее утре Неговиот гнев на сета Израелева заедница?