Исус Навин 22:14-20 MKB

14 и со него десет кнезови, по еден родовски главатар од секое Израелево племе, а секој од нив беше главатар на татковиот дом меѓу илјадници Израелеви семејства.

15 И кога тие дојдоа при Рувимовите синови, при Гадовите синови и при половината од Манасиевото племе во галадската земја, им рекоа:

16 ”Еве што вели за вас сета Господова заедница: ‘Што значи престапот што го правите против Господа, Израелевиот Бог? Зашто се одвративте денес од Господа и, подигнувајќи жртвеник, зашто се буните против Господа?

17 Зар не ви е доста злосторот од Фегор, од кого уште не се очистивме до денешен ден и заради кого дојде помор врз Господовата заедница?

18 Ако денес се одвратувате од Господа и ако се буните денес против Него, не ќе ли се излее утре Неговиот гнев на сета Израелева заедница?

19 Или ви е можеби нечиста земјата на вашето наследство? Тогаш преминете во земјата на Господовото наследство, во која е Господовото Престојувалиште, и земете дел меѓу нас. Ама не бунете се против Господа и не бунете се против нас, издигајќи си жртвеник покрај жртвеникот на Господа, нашиот Бог.

20 Не направи ли грев сам, Ахан Зариниот син, за „херемот,” па гневот падна на сета Израелева заедница? Зар не умре заради својата кривица?’”