Исус Навин 22:2-8 MKB

2 и им рече: „Извршивте сè што Мојсеј, Господовиот слуга, ви заповеда, и ме послушавте во сè што ви наредив.

3 Не ги оставивте своите браќа и покрај долгото војување до денешниот ден, и ги вршевте верно заповедите на Господа, својот Бог.

4 Сега Господ, вашиот Бог, им даде мир на вашите браќа, како што им беше ветил. Вратете се сега во своите шатори, во земјата што ви ја даде Мојсеј, Господовиот слуга: во наследство од онаа страна на Јордан.

5 Само внимавајте да ги исполнувате заповедите и Законот што ви го даде Мојсеј, Господовиот слуга: да Го љубите Господа, својот Бог, да одите секогаш по неговите патишта, да ги чувате Неговите заповеди, да се држите покрај Него и да Му служите со сето срце и со сета душа.”

6 И Исус ги благослови и ги отпушти, а потоа тие се вратија во своите шатори.

7 Мојсеј и беше дал на едната половина од Манасиевото племе наследство во Васан; а на другата половина Исус и го даде среде нивните браќа западно од Јордан. Отпуштајќи ги во нивните шатори, Исус ги благослови:

8 и им рече: „Вратете се во своите шатори со големо богатство и со многу добиток, со сребро, и со злато, со бронза, со железо и со облеки во изобилство, и поделете го пленот од своите непријатели со своите браќа.”