Исус Навин 22:21-27 MKB

21 Тогаш одговорија Рувимовите синови, Гадовите синови и половината на Манасиевото племе, велејќи им на Израелевите главатари:

22 ”Бог, Господ Бог, Бог над боговите, Господ знае и Израел нека знае: ако тоа беше побуна или престап против Господа, нека ни ја скрати Својата помош денес;

23 ако го подигнавме жртвеникот за да се одвратиме од Господа и за да принесуваме жртви паленици, лебни приноси и помирителни жртви, тогаш Господ нека ни суди!

24 Тоа го направивме од грижа и страв и рековме: ‘Еден ден вашите синови ќе им речат на нашите: „Што ви е заедничко со Господа, Израелевиот Бог?

25 Зар Господ, Рувимови синови и Гадови синови, не ја стави меѓу вас и нас нашата меѓа Јордан? Вие немате дел во Господа.” И така вашите синови би можеле да направат нашите синови да се одвратат па да не го почитуваат Господа.’

26 Затоа рековме: ‘Да подигнеме жртвеник, но не за паленици ниту за жртви

27 туку за да биде сведоштво меѓу нас и вас, дека сакаме да Му служиме на Господа со наши жртви и со наши благодарности. Така да не можат некогаш вашите синови да им речат на нашите: „Немате дел во Господа.”‘