Исус Навин 22:25-31 MKB

25 Зар Господ, Рувимови синови и Гадови синови, не ја стави меѓу вас и нас нашата меѓа Јордан? Вие немате дел во Господа.” И така вашите синови би можеле да направат нашите синови да се одвратат па да не го почитуваат Господа.’

26 Затоа рековме: ‘Да подигнеме жртвеник, но не за паленици ниту за жртви

27 туку за да биде сведоштво меѓу нас и вас, дека сакаме да Му служиме на Господа со наши жртви и со наши благодарности. Така да не можат некогаш вашите синови да им речат на нашите: „Немате дел во Господа.”‘

28 Ако некогаш би ни рекле нам и на нашите потомци, би можеле да одговориме: ‘Погледајте го обликот на Господовиот жртвеник, што го подигнаа нашите татковци, не за паленици ниту за жртви туку за сведоштво меѓу нас и вас.’

29 Ни на крај на паметот не ни е мислата да се буниме против Господа и да се одвратиме од Него подигајќи жртвеник за паленици, за лебни приноси и жртви, освен жртвеникот на Господа, нашиот Бог, што е пред Неговото Живеалиште!”

30 Кога свештеникот Финес, кнезовите на собирот и главатарите на Израелевите илјади, кои беа со нив, ги чуја зборовите што им ги рекоа Гадовите синови, Рувимовите синови и Манасиевите синови, се смирија.

31 Тогаш свештеникот Финес, синот Елеазаров, им одговори на Рувимовите синови, на Гадовите синови и на Манасиевите синови: „Сега сознавме дека е Господ меѓу нас, зашто не му изневеривте: така ги запазивте Израелевите синови од Господовата казна.”