Исус Навин 22:30-34 MKB

30 Кога свештеникот Финес, кнезовите на собирот и главатарите на Израелевите илјади, кои беа со нив, ги чуја зборовите што им ги рекоа Гадовите синови, Рувимовите синови и Манасиевите синови, се смирија.

31 Тогаш свештеникот Финес, синот Елеазаров, им одговори на Рувимовите синови, на Гадовите синови и на Манасиевите синови: „Сега сознавме дека е Господ меѓу нас, зашто не му изневеривте: така ги запазивте Израелевите синови од Господовата казна.”

32 Свештеникот Финес, синот Елеазаров, и кнезовите си отидоа од Рувимовите синови и од Гадовите синови, и се вратија од галадската земја во ханаанската кај Израелевите синови, и им го кажаа одговорот.

33 На Израелевите синови им беше мил тој одговор Го фалеа Бога и се откажаа од наумот да удрат против нив и да ја запустат земјата во која живееја Рувимовите синови и Гадовите синови.

34 Рувимовите синови и Гадовите синови го нарекоа жртвеникот „Ед” - „Сведоштво,” зашто рекоа: „Тоа е сведоштво меѓу нас: Господ е Бог.”