Исус Навин 22:8-14 MKB

8 и им рече: „Вратете се во своите шатори со големо богатство и со многу добиток, со сребро, и со злато, со бронза, со железо и со облеки во изобилство, и поделете го пленот од своите непријатели со своите браќа.”

9 Се вратија Рувимовите синови и Гадовите синови и половината од Манасиевото племе; си отидоа од Израелевите синови во Сило, во Ханаанската Земја, да тргнат за Галадската Земја, во своето наследство што го зазедоа како што им заповеда Господ преку Мојсеја.

10 Кога стигнаа до јорданското подрачје во Ханаанската Земја, Рувимовите синови, Гадовите синови и половината од Манасиевото племе подигнаа жртвеник при Јордан, голем жртвеник, што се гледаше оддалеку.

11 Израелците чуја како што се зборува: „Еве, Рувимовите синови, Гадовите синови и половината од Манасиевото племе подигнаа жртвеник спроти Ханаанската Земја, при Јордан, на израелската страна.”

12 На тоа се собра сета заедница на Израелевите синови во Сило за да тргнат во бој против нив.

13 Израелците им ги испратија, на Рувимовите синови, на Гадовите синови и на половината на Манасиевото племе: Финес, синот на свештеникот Елеазар,

14 и со него десет кнезови, по еден родовски главатар од секое Израелево племе, а секој од нив беше главатар на татковиот дом меѓу илјадници Израелеви семејства.