Исус Навин 3:1-7 MKB

1 Исус подрани и со сите Израелеви синови тргна од Ситим. И стигнаа до Јордан па таму, пред преминувањето, преноќија.

2 По три дни старешините поминаа низ логорот и му заповедаа на народот:

3 ”Штом ќе ги видите Ковчегот на Заветот на Господа, вашиот Бог, и свештениците левити кои го носат, тргнете сите од своето место и појдете по нив.

4 Така ќе го знаете патот по кој треба да одите, зашто по тој пат уште никогаш не сте оделе. Ама меѓу вас и Ковчегот нека има растојание од две илјади лакти. И да не му се приближите.”

5 А Исус му нареди на народот: „Посветете се за утре, зашто утре Господ ќе направи чуда меѓу вас.”

6 А на свештениците Исус им заповеда: „Кренете го Ковчегот на Заветот и носете го пред народот.” И го кренаа Ковчегот на Заветот и го понесоа пред народот.

7 Господ му рече на Исуса: „Денес почнувам да те возвишувам пред очите на сиот Израел, нека знаат дека сум со тебе, како што бев со Мојсеја.