Исус Навин 3:5-11 MKB

5 А Исус му нареди на народот: „Посветете се за утре, зашто утре Господ ќе направи чуда меѓу вас.”

6 А на свештениците Исус им заповеда: „Кренете го Ковчегот на Заветот и носете го пред народот.” И го кренаа Ковчегот на Заветот и го понесоа пред народот.

7 Господ му рече на Исуса: „Денес почнувам да те возвишувам пред очите на сиот Израел, нека знаат дека сум со тебе, како што бев со Мојсеја.

8 Ти пак заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот: ‘Кога ќе стигнете до јорданските води, застанете во самиот Јордан.’”

9 Тогаш Исус им рече на Израелците: „Пристапете и чујте ги зборовите на Господа, својот Бог.”

10 И Исус рече: „По ова ќе сознаете дека е меѓу вас живиот Бог: Тој ќе ги гони пред вас Ханаанците, Хетејците, Евејците, Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Евусејците.

11 Еве, Ковчегот на Заветот на Господарот на целата земја ќе тргне пред вас преку Јордан.