13 Околу четириесет илјади вооружени луѓе поминаа пред Господа за да се борат на Ерихонските Полиња.
14 Во тој ден Господ го возвиши Исуса пред сиот Израел, и сите се боеја од него, како некогаш од Мојсеја, во сите денови на неговиот живот.
15 Господ му рече на Исуса:
16 ”Заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот, да излезат од Јордан.”
17 Тогаш Исус им заповеда на свештениците: „Излезете од Јордан!”
18 А штом свештениците, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, излегоа од средината на Јордан и стапнаа со нозете на суво, водите на Јордан се вратија на своето место и почнаа да течат како и порано преку своите брегови.
19 Народот излезе од Јордан во десеттиот ден на првиот месец. Тогаш се настанија во Галгал, источно од Ерихон.