20 А оние дванаесет камења што ги зедоа со себе од Јордан, Исус ги постави во Галгал.
21 Тогаш им рече на Израелците: „Ако вашите потомци ги прашаат еден ден своите татковци: ‘Што значи ова камење?’ -
22 Вие поучете ги вака: ‘Израел тука помина по суво преку Јордан,’
23 зашто Господ, вашиот Бог, ја пресуши пред вас водата на Јордан додека не поминавте, како што направи вашиот Бог Господ со Црвеното Море, кога го пресуши пред нас додека не поминавме.
24 А сè тоа за да знаат сите народи на земјата колку е моќна Господовата рака, и за да се боите вие самите секогаш од Господа, својот Бог.”