Исус Навин 4:3-9 MKB

3 и заповедајте им: ‘Дигнете оттука, од средината на Јордан - од местата каде што стојат нозете на свештениците - дванаесет камења, кои ќе ги носите со себеси и ќе ги положите на местото каде што ќе преноќевате ноќеска.’”

4 Тогаш Исус повика дванаесет луѓе, кои ги имаше избрано меѓу Израелевите синови, од секое племе по еден човек,

5 и им рече: „Одете пред Ковчегот на Господа, својот Бог, во средината на Јордан, и нека секој донесе на своите рамена по еден камен според бројот на Израелевите племиња.

6 Тоа ќе биде за спомен меѓу вас. Кога еден ден вашите деца ќе ве прашаат: ‘Што ви значат овие камења?’

7 Ќе им речете: ‘Водата на Јордан се раздели пред Ковчегот на Господовиот Завет, кога поминуваше преку Јордан.’ И овие камења ќе им бидат вечен спомен на Израелевите синови.”

8 Израелците направија како што им заповеда Исус, зедоа дванаесет камења од средината на Јордан, според бројот на Израелевите племиња, како што Господ му нареди на Исуса: ги однесоа до своето ноќевалиште и ги положија таму.

9 Потоа Исус постави дванаесет камења среде Јордан, на местото каде што стоеја нозете на свештениците, кои го носеа Ковчегот на Заветот. Таму стојат и денес.