Исус Навин 4:5-11 MKB

5 и им рече: „Одете пред Ковчегот на Господа, својот Бог, во средината на Јордан, и нека секој донесе на своите рамена по еден камен според бројот на Израелевите племиња.

6 Тоа ќе биде за спомен меѓу вас. Кога еден ден вашите деца ќе ве прашаат: ‘Што ви значат овие камења?’

7 Ќе им речете: ‘Водата на Јордан се раздели пред Ковчегот на Господовиот Завет, кога поминуваше преку Јордан.’ И овие камења ќе им бидат вечен спомен на Израелевите синови.”

8 Израелците направија како што им заповеда Исус, зедоа дванаесет камења од средината на Јордан, според бројот на Израелевите племиња, како што Господ му нареди на Исуса: ги однесоа до своето ноќевалиште и ги положија таму.

9 Потоа Исус постави дванаесет камења среде Јордан, на местото каде што стоеја нозете на свештениците, кои го носеа Ковчегот на Заветот. Таму стојат и денес.

10 Свештениците, кои го носеа Ковчегот, стоеја среде Јордан, сè додека не беше извршено сè што Господ му заповеда на Исуса да направи народот, сосем онака како што Мојсеј му беше наредил на Исуса. А сиот народ преминуваше брзо.

11 Откако помина сиот народ, преминаа и свештениците со Господовиот Ковчег на Господовиот Завет и тргнаа пред народот.