1 Откако чуја сите аморејски цареви на западната страна на Јордан, и сите ханаански цареви, кои беа покрај морето, дека Господ, го пресуши Јордан пред Израелците додека не поминаа, им застана срцето, и не остана дух во нив пред Израелците.
2 Во тоа време Господ му рече на Исуса: „Направи си камени ножеви и обрежи ги повторно Израелците.”
3 Исус си направи камени ножеви и ги обреза Израелците на брежето Аралот (Брег на Обрезаните).
4 А еве зошто ги обреза Исус: сите луѓе кои излегоа од Египет, сите кои можеа да носат оружје, изумреа при патувањето низ пустината.