12 И маната прекрати штом почнаа да ги јадат плодовите на земјата. Така Израелците веќе немаа мана, туку се хранеа таа година со плодовите на Ханаанската Земја.
13 Кога Исус му се приближи на градот Ерихон, ги подигна очите и здогледа човек како стои пред него со извлечен меч во раката. Исус му пристапи и го праша: „Дали си ти со нас или си со нашите непријатели?”
14 А тој одговори: „Не, јас сум водач на Господовата војска, и тукушто дојдов. . .” Тогаш Исус падна ничкум, му се поклони и рече: „Што му заповедаш, Господару, на својот слуга?”
15 А предводникот на Господовото воинство му одговори на Исуса: „Собуј ги обувките од своите нозе, зашто е свето местото на кое што стоиш.” И Исус направи така.