Исус Навин 5:2-8 MKB

2 Во тоа време Господ му рече на Исуса: „Направи си камени ножеви и обрежи ги повторно Израелците.”

3 Исус си направи камени ножеви и ги обреза Израелците на брежето Аралот (Брег на Обрезаните).

4 А еве зошто ги обреза Исус: сите луѓе кои излегоа од Египет, сите кои можеа да носат оружје, изумреа при патувањето низ пустината.

5 Сите тие беа обрезани, ама не беше обрезан никој, кој се родил при патувањето низ пустината, по излезот од Египет,

6 зашто четириесет години Израелците скитаа по пустината додека не изумреа сите способни за оружје, кои беа излегле од Египет; не го слушаа Господовиот глас, па Господ им се заколна дека нивните очи нема да ја видат земјата, што им ја вети на нивните татковци - земјата во која течат млеко и мед.

7 На нивно место ги издигна нивните синови, и Исус ги обреза нив: не беа обрезани, зашто на патот не се обрезуваше.

8 Кога сиот народ беше обрезан, почиваа во логорот сè додека не оздравеа.