Исус Навин 5:7-13 MKB

7 На нивно место ги издигна нивните синови, и Исус ги обреза нив: не беа обрезани, зашто на патот не се обрезуваше.

8 Кога сиот народ беше обрезан, почиваа во логорот сè додека не оздравеа.

9 Тогаш Господ му рече на Исуса: „Денес го симнав од вас египетскиот срам.” И она место се нарече Галгал сè до наши дни.

10 И така Израелците се настанија во Галгал и таму во Ерихонските Полиња ја прославија Пасхата на четиринаесеттиот ден во месецот, навечер.

11 А утреден по Пасхата, поправо во тој ден јадеа од родот на онаа земја: бесквасни лебови и пржени зрна.

12 И маната прекрати штом почнаа да ги јадат плодовите на земјата. Така Израелците веќе немаа мана, туку се хранеа таа година со плодовите на Ханаанската Земја.

13 Кога Исус му се приближи на градот Ерихон, ги подигна очите и здогледа човек како стои пред него со извлечен меч во раката. Исус му пристапи и го праша: „Дали си ти со нас или си со нашите непријатели?”