Исус Навин 9:1-7 MKB

1 За сите настани чуја сите цареви од онаа страна на Јордан во Горјето, во Шефел и вдолж на целиот брег на Големото Море, сè до Ливан: Хетејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците -

2 па сите се здружија за да удрат сложно против Исуса и Израела.

3 А жителите на Гаваон, поучени од она што Исус му направи на Ерихон и Гај,

4 се присетија на итрина. Почнаа да се преправаат дека се патници: фрлија стари вреќи и вински мевови, искинати и закрпени на своите ослиња,

5 Обуја на нозете употребувани и закрпени обувки и облекоа на себе стара облека. Сиот леб што го носеа со себе беше сув и мувлосан.

6 Стигнаа кај Исуса во галгалскиот логор и им рекоа: нему и на луѓето Израелци: „Доаѓаме од далечна земја, склучите сојуз со нас.”

7 Но луѓето Израелци им рекоа на тие Евејци: „Кој знае дали не живеете можеби меѓу нас? И така, како ќе склучиме сојуз со вас?”