12 Еве го нашиот леб: топол го зедовме за по пат од своите куќи кога тргнавме кон вас, а еве, сега е сув и мувлосан.
13 А ова се вински мевови: ги налеавме нови, па еве, веќе се искинати; и нашите облеки и нашите обувки веќе се остарени од далечниот пат.”
14 И луѓето им поверуваа по снабденоста за пат, не прашувајќи го Господа што ќе им рече.
15 Исус склучи мир со нив, и склучи сојуз со нив дека ќе ги поштеди. И главатарите се заколнаа на тоа.
16 А по три дни, откако склучија сојуз со нив, се научи дека им се соседи и дека живеат среде Израел.
17 Тогаш Израелците тргнаа од логорот и стигнаа во нивните градови, а тоа беа: Гаваон, Кефир, Вирот и Киријат Јарим.
18 Ама Израелевите синови не ги нападнаа, зашто главатарите на заедницата им се заколнаа во Господа, Израелевиот Бог. Но сета заедница почна да вика против главатарите.