Исус Навин 9:3-9 MKB

3 А жителите на Гаваон, поучени од она што Исус му направи на Ерихон и Гај,

4 се присетија на итрина. Почнаа да се преправаат дека се патници: фрлија стари вреќи и вински мевови, искинати и закрпени на своите ослиња,

5 Обуја на нозете употребувани и закрпени обувки и облекоа на себе стара облека. Сиот леб што го носеа со себе беше сув и мувлосан.

6 Стигнаа кај Исуса во галгалскиот логор и им рекоа: нему и на луѓето Израелци: „Доаѓаме од далечна земја, склучите сојуз со нас.”

7 Но луѓето Израелци им рекоа на тие Евејци: „Кој знае дали не живеете можеби меѓу нас? И така, како ќе склучиме сојуз со вас?”

8 А тие му одговорија на Исуса: „Твои слуги сме!” Исус ги праша: „Кои сте и од каде доаѓате?”

9 Одговорија: „Далеку е земјата од која доаѓаат твоите слуги во името на Господа, твојот Бог: чувме за Неговата слава и за сè што му стори на Египет,