Исус Навин 9:9-15 MKB

9 Одговорија: „Далеку е земјата од која доаѓаат твоите слуги во името на Господа, твојот Бог: чувме за Неговата слава и за сè што му стори на Египет,

10 и за она што им направи на двајцата аморејски цареви, кои владееја од онаа страна на Јордан - на Сион, цар есевонски, и на Ог, цар васански во Астарот.

11 Тогаш нашите старешини, на сите во нашата земја, ни рекоа: ‘Снабдете се со храна за пат, тргнете им во пресрет и речете им: „Ваши слуги сме, и така склучите сојуз со нас.”‘

12 Еве го нашиот леб: топол го зедовме за по пат од своите куќи кога тргнавме кон вас, а еве, сега е сув и мувлосан.

13 А ова се вински мевови: ги налеавме нови, па еве, веќе се искинати; и нашите облеки и нашите обувки веќе се остарени од далечниот пат.”

14 И луѓето им поверуваа по снабденоста за пат, не прашувајќи го Господа што ќе им рече.

15 Исус склучи мир со нив, и склучи сојуз со нив дека ќе ги поштеди. И главатарите се заколнаа на тоа.