1 Како потемне златото, тоа суво злато! Светото камење се истури по аглите на сите улици.
2 Сионските синови, некогаш ценети како најчисто злато, ах! сега ги ценат како глинени садови, како дело на грнчаревите раце!
3 Па и шакалите ги подаваат градите и ги дојат младите, но ќерките на мојот народ станаа сурови како ноеви во пустината.
4 Јазикот на доилчето се лепи за непцето од жед. Децата пиштат за леб, а никој да им го даде.
5 Оние, кои некогаш се сладеа со избрани јадења гниат по улиците; некогаш носени во црвено сукно сега се тркалаат по буништето.