18 Не дебнат при чекорите за да не одиме по своите раскрсници. Ни се ближи крајот, ни се исполнија деновите, доаѓа нашиот крај.
19 Нашите гонители беа побрзи од орлите на небото; нè гонеа во планината, нè пречекуваа во заседа во пустината.
20 Нашиот животен здив, Господовиот помазамик, падна во нивните јами - тој за кого што зборувавме: „Во неговата сенка ќе живееме меѓу народите.”
21 Радувај се и весели се, Едомска ќерко, Ти, која што живееш во земјата Уз! Чашата ќе дојде и до тебе, ќе се испијаниш и ќе се разголиш.
22 Твојот грев е искупен, Сионска ќерко, веќе не ќе те водат во прогонство. Ќе го казнат твоето беззаконие, Едомска ќерко, ќе ги откријат твоите гревови.