П.еремиин 4:3-9 MKB

3 Па и шакалите ги подаваат градите и ги дојат младите, но ќерките на мојот народ станаа сурови како ноеви во пустината.

4 Јазикот на доилчето се лепи за непцето од жед. Децата пиштат за леб, а никој да им го даде.

5 Оние, кои некогаш се сладеа со избрани јадења гниат по улиците; некогаш носени во црвено сукно сега се тркалаат по буништето.

6 Поголем беше гревот на Ќерката на мојот народ отколку гревот на Содом, што во миг на окото беше разурнат, а ничија рака не се дигна против него.

7 Нејзините младинци беа некогаш почисти од снегот, побели од млекото, порумени од корал им беа телата, лицето мазно како сафир.

8 Сега образот им е поцрн од саѓите, не се препознаваат веќе на улица. Кожата им се лепи за коските, сува како дрво.

9 Како се среќни оние што мечот ги прободе, посреќни од оние, кои ги умртви гладот; кои паѓаат исцрпени, зашто им недостигаат земјините плодови.