П.еремиин 4:6-12 MKB

6 Поголем беше гревот на Ќерката на мојот народ отколку гревот на Содом, што во миг на окото беше разурнат, а ничија рака не се дигна против него.

7 Нејзините младинци беа некогаш почисти од снегот, побели од млекото, порумени од корал им беа телата, лицето мазно како сафир.

8 Сега образот им е поцрн од саѓите, не се препознаваат веќе на улица. Кожата им се лепи за коските, сува како дрво.

9 Како се среќни оние што мечот ги прободе, посреќни од оние, кои ги умртви гладот; кои паѓаат исцрпени, зашто им недостигаат земјините плодови.

10 Рацете на жените со меко срце ги вареа своите деца, се хранеа со нив во времето на пропаста на Ќерките на мојот народ.

11 Господ го засити Својот бес, ја излеа својата јаросна расрденост, раздува на Сиои оган, што ги изгорува и самите негови основи.

12 Не веруваа земните цареви ни вкупното население на земјата дека угнетувачот и непријателот ќе влезат низ ерусалимската врата.