11 Ги осквернија жените на Сион и девиците во јудејските градови.
12 Со свои раце ги бесеа кнезовите, не ги почитуваа ни старечките лица.
13 Момчињата ги натераа да мелат, децата паѓаа под бремето на дрвата.
14 Старците ја оставија вратата, младите веќе не свират на лири.
15 Ја снема радоста од нашите срца, нашето играње се претвори во тажење.
16 Венецот падна од нашата глава, тешко ни нам што згрешивме!
17 Еве, зошто ни болува срцето, еве, зошто ни се покриваат очите: