18 затоа што опусте Сионската Гора и по неа скитаат шакали.
19 А Ти, Господи, остануваш за секогаш, Твојот престол е од колено до колено.
20 Зошто да нè заборавиш за секогаш, да нè оставиш за долго време?
21 Врати нè кон себе, Господи, и ќе се обратиме. Обнови ги нашите денови како што беа некогаш.
22 Или сакаш да нè зафрлиш сосем и да се срдиш бескрајно на нас?