3 Сирачиња сме: немаме татко, мајките ни се како вдовици.
4 Водата што ја пиеме ја плаќаме со сребреници, треба да платиме и за дрво.
5 Јаремот ни е на вратот, нè гонат, исцрпени сме, не нè оставаат да здивнеме.
6 Ги пружаме рацете кон Египет и Асирија за да се наситиме со леб.
7 Нашите татковци згрешија, и веќе ги нема, а ние ги носиме казните за нивните беззаконија.
8 Робови ни заповедаат а никој - да нè избави од нивните раце.
9 Го донесуваме својот леб излагајќи го животот на меч во пустината.