8 Робови ни заповедаат а никој - да нè избави од нивните раце.
9 Го донесуваме својот леб излагајќи го животот на меч во пустината.
10 Кожата ни гори како вжарена печка, со треска од пламенот на гладта.
11 Ги осквернија жените на Сион и девиците во јудејските градови.
12 Со свои раце ги бесеа кнезовите, не ги почитуваа ни старечките лица.
13 Момчињата ги натераа да мелат, децата паѓаа под бремето на дрвата.
14 Старците ја оставија вратата, младите веќе не свират на лири.