1 Драги мои, сакам да ве потсетам на нашите предци кога патуваа низ пустината. Бог ги водеше, испраќајќи подвижен облак да ги води; сите безбедно минаа преку морето.
2 Како следбеници на Мојсеј, тие беа крстени во морето, со Божјиот облак над нив.
3 Сите ја јадеа истата храна што ја добиваа на чудотворен начин,
4 сите ја пиеја истата вода што потече за нив на чудотворен начин, зашто тие пиеја од духовната Карпа која ги придружуваше. Таа „Карпа“ беше Христос.
5 Сепак, со повеќето од нив Бог не беше задоволен. Затоа тие изумреа, а нивните тела останаа расфрлени по пустината.