11 Ова што им се случи ним, треба да биде поука за нас. Тоа е запишано во Светото Писмо како предупредување за нас што живееме во овие последни денови.
12 Затоа, секој што мисли дека е цврст спрема искушенијата, нека внимава да не потклекне.
13 Искушенијата ги сполетуваат сите луѓе, но тие не се над вашите сили. Тој нема да дозволи да бидете искушувани повеќе отколку што можете да поднесете. А за секое искушение ќе ви покаже излез и ќе ви даде сили да се одбраните.
14 Затоа, драги мои, пазете се од идолопоклонство.
15 Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам.
16 Кога на Господовата вечера пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело?
17 Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело.