1 Коринтјаните 10:22-28 MNT

22 Зар ќе предизвикуваме љубомора кај Господ? Зар сме ние посилни од Него?

23 Велите: „Имаме слобода да правиме што сакаме!“ Да, но не е се полезно! Иако имаме слобода да правиме што сакаме, не придонесува се за наше изградување!

24 Ниеден од нас не треба да ги гледа само своите интереси, туку да водиме сметка и за другите луѓе.

25 Еве како треба да постапувате. Слободно јадете од секое месо што се продава на пазар, без да се распрашувате дали било наменето за идоли; така нема да ве гризе совеста.

26 А Светото Писмо вели: „Господова е Земјата и се што ја исполнува.“

27 Ако некој што не е христијанин ве покани на вечера и вие сакате да одите, одете слободно. Јадете од се што ќе ви биде принесено, без да се распрашувате дали таа храна била наменета како принос за идоли; така нема да ве гризе совеста.

28 Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа.