1 Коринтјаните 10:27-33 MNT

27 Ако некој што не е христијанин ве покани на вечера и вие сакате да одите, одете слободно. Јадете од се што ќе ви биде принесено, без да се распрашувате дали таа храна била наменета како принос за идоли; така нема да ве гризе совеста.

28 Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа.

29 Значи, не заради вашата совест, туку заради совеста на тој што ве предупредил. Можеби некој ќе рече: „Зошто мојата слобода да биде ограничена од тоа што им ја обременува совеста на други луѓе!?

30 Ако јас Му се заблагодарувам на Бог за она што го јадам, зошто некој да ме напаѓа поради тоа што го јадам!?“

31 Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава.

32 Затоа, немојте да ги соблазнувате ни Евреите, ни другите народи, ни оние што и припаѓаат на Божјата Црква.

33 Правете како што правам јас: на сите се обидувам да им угодам и не правам онака како што би било најдобро за мене, туку пред се, мислам на другите луѓе. Така постапувам затоа што сакам тие да се спасат.