1 Коринтјаните 10:5-11 MNT

5 Сепак, со повеќето од нив Бог не беше задоволен. Затоа тие изумреа, а нивните тела останаа расфрлени по пустината.

6 Тоа што им се случи е поука за нас, за да не посакуваме зли нешта, како што посакуваа тие,

7 да не станеме идолопоклоници, како што станаа некои од нив. За ова во Светото Писмо пишува: „Луѓето славеа со гозби и пијанки, а потоа заиграа пагански игри!“

8 Да не вршиме блуд, како што вршеа некои од нив поради што само во еден ден загинаа дваесет и три илјади души!

9 Да не Го предизвикуваме Господ, како што некои од нив Го предизвикуваа, па загинаа каснати од змии.

10 Немојте да негодувате, како што некои од нив негодуваа, па Господ го испрати ангелот на смртта да ги погуби.

11 Ова што им се случи ним, треба да биде поука за нас. Тоа е запишано во Светото Писмо како предупредување за нас што живееме во овие последни денови.